Здружението СИДИС е резултат на неколку годишни подготовки и консултации со видни луѓе од деловниот свет, лидери на успешни компании и добри познавачи на економските прилики во земјата и регионот.

Здружението е формирано како резултат на потребата за подобро меѓусебно запознавање, соработка како и заштита на компаниите кои се дел на ова здружение и секако нивна промоција и поврзување не само на овој пазар него и на околните пазари каде тежнеат да бидат повеќе присутни.

Глобализацијата, се поголемата конкуренција на пазарот наметнуваат потреба за поврзување а некогаш и заеднички одговор ако е потребно да се опсти на пазарот.

Ваквиот и сличните форми на здружување, како и поврување отвараат широк спектар на можности во таа насока како и нови можности за заеднички настап како на овој или на трети пазари.

Здружението е замислено како форма која е отворена за сите заинтересирани компании без оглед на земјата во која им е седиштето, а кои можат да препознаат свои интереси од зачленувањето.

Се ова наведено здружението СИДИС го прави цел на интерес на се поголем број на компании од земјава и регионот.

На тоа укажува и фактот дека за неполна година од основањето на здружението, бројот на неговите членки е двојно зголемен.