Формирано e здружение на бизнисмени на Српски компании во Македонија. Оперативно тело за подобро позиционирање на пазарот.

На иницијатива на Амбасадата на Р. Србија во Скопје, во соработка со српските компаниите кои работат на македонскиот пазар и нивните македонски деловни партнери, е формирана асоцијација на Српски деловни субјекти и застапници во Македонија која ќе ја предводи Антонио Цветковски од компанијата “Ритам Трејд”.

Амбасадорот на Р. Србија во Скопје, Душанка Дивјак Томиќ за “Новости” потврди дека мотивот за реализација на иницијативата е заснован на уверението дека Србија и Македонија имаат големи неискористени можности за напредување на традиционално добрите билатерални економски и тровски соработки.

-Здружението е концепирано да биде оперативно тело во потполност во служба на бизнисот, како своевидна подршка на членовите во остварување на нивните деловни цели во меѓусебната соработка и посебно како помош во нивното што подобро позиционирање на македонскиот пазар. Потоа за помош при меѓусебното поврзување и организирање за што поефикасни деловни остварувања на деловните цели и резултати на фирмите членки.

ЧЛЕНОВИ НА УПРАВАТА 


На Собранието со акламација за претседател на Здружението е избран претставникот на скопската компанија “Ритам трејд” Антонио Цветковски, за секретар адвокар д-р. Предраг Чириќ. Во УО покрај претседателот Зоран Ристиќ (“Анторис”), избрани се и Александар Јањиќ (“Свислион“) и Дарко Филиповски (“Ер Србија“).