Иницијативата за формирање на ова здружение ја започна Амбасадата на Р.Србија во Македонија во соработка со заинтересираните фирми и компании од Р.Србија кои работат на македонскиот пазар и нивните деловни партнери.

Мотивот за реализирање на оваа иницијатива е заснован на уверението дека Србија и Македонија имаат големи неискористени можности за подобрување на веќе традиционално добрите билатерални економски и трговски соработки.

Здружението иницијално брои околу 30 деловни субјекти ( Ер Србија, Свислион Симпо, Енмон, Хемофарм, Моцарт, Златиборац, Алфа плам, Ритам Трејд...), но вратите се отворени и на сите други заинтересирани фирми.

На основачкото собрание усвоен е Статут на здружението и избрани се претседател, секретар и членови на управниот одбор. Претседател на здружението во оваа година ќе биде Антонио Цветковски од компанијата Ритам трејд. За секретар е избран адвокат д-р. Предраг Чириќ, додека членови на Управниот одбор ќе бидат Зоран Ристиќ (Анторис), Александар Јаниќ (Свислион) и Дарко Филиповски (Ер Србија).