Цели и задачи

 

Асистенција за поврзување на членките на здружението, со деловни субјекти во Македонија и регионот.

Воспоставување на активна соработка со сите стопански комори во Република Македонија и активна соработка со сите деловни асоциации во Република Македонија, каде што постои заеднички интерес. Соработка со Стопанската комора на Србија и со сите деловни асоцијации во Србија.                                         

Организиран настап пред надлежните институции во Република Македонија заради отстранување на пречките со кои се соочуваат во работењето членовите на здружението, заради нивно надминување и унапредување на стопанската активност.

Помагање заради полесен пристап до правната регулатива релевантна за работењето на членките на здружението.

Соработка со сродни здруженија во регионот и пошироко.

Полесен и организиран пристап до сите тендери за јавни набавки во Република Македонија.

 

Планирани активности за следен период:

Одржување на средба на сопанственици од Македонија и Србија,претставници на стопански комори од земјата и регионот, претставници на банки и компании од повеќе земји.